Економија, финансии, бизнис

Контакт

БОРИС ЏОНСОН ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА, кабинетот на британскиот премиер ја објави здравствената состојба

БОРИС ЏОНСОН ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА, кабинетот на британскиот премиер ја објави здравствената состојба

Премиерот на Обединетото Кралство, Борис Џонсон утрово беше опериран поради проблеми со синусите, соопшти неговиот кабинет.

- Премиерот рано денеска имаше „помала“ операција под општа анестезија во болницата NHS во Лондон, а сега се одмара на Даунинг стрит - изјави неговиот портпарол, а пренесува „Дејли мејл“.

Излегол од дома во 6 часот наутро, а до 10 часот се вратил во Вестминстер, не користел брза помош по процедурата, која била однапред закажана.

- Премиерот имаше мала рутинска операција поврзана со синусите. Тој ќе одмора наутро - изјави неговиот портпарол.

Тој додаде дека важните одлуки ќе бидат преземени од вицепремиерот Доминик Раб за следните 24 часа.

Слично

Поврзани вести