БОРИС ЏОНСОН СО ЗАПРЕПАСТУВАЧКА ИЗЈАВА ЗА BBC: Русија ја планира најголемата војна во Европа од 1945 година, планот е веќе започнат
Британскиот
премиер Борис Џонсон изјави дека доказите укажуваат дека Русија ја планира
„најголемата војна во Европа од 1945 година“.
-Сите индикации се дека планот на некој начин веќе е започнат, рече Џонсон во интервју за Би-Би-Си.
Според него, разузнавачките информации сугерираат дека Русија има намера да изврши инвазија која би го опколила украинскиот главен град Киев. Британскиот премиер рече дека луѓето треба да ја разберат цената на човечките животи што може да следат.
Џонсон зборуваше за Би-Би-Си од Минхен, каде што светските лидери се состануваат на годишната Минхенска безбедносна конференција.
Тој, исто така, навести дека Велика Британија ќе воведе построги санкции кон Русија отколку што беше претходно кажано. Западните власти во последните неколку недели предупредуваа дека Русија би можела да се подготви за инвазија во секое време, но Русија ги отфрли обвинувањата, тврдејќи дека спроведува воени вежби во регионот.
