Економија, финансии, бизнис

Контакт

Борис Џонсон пред камерите сакаше да прими инjекција со коронавирус, тврди поранешен советник

Борис Џонсон пред камерите сакаше да прими инjекција со коронавирус, тврди поранешен советник

Британскиот премиер, Борис Џонсон сакал пред камери да му вбризгаат коронавирус, вели Доминик Камингс, поранешен главен советник на  Џонсон. 

Тој пред парламентарниот Одбор изнел низа критики за Џонсон.  Изјавил дека владата на самиот почеток на пандемијата на коронавирусот не ја сфаќала сериозно тежината на ситуацијата, а дека за премиерот Џонсон тој вирус бил "обично заплашување". 

„Тој пред камерите сакаше да прими инjекција со коронавирус за да покаже дека нема причини за страв", тврди поранешниот советник. 

Тврди дека вистинските подготовки за пандемијата  започнале пред првото заклучување. Oбвинил дека некои високи службеници во февруари 2020-та година биле на скијање и премиерот бил на одмор. Британија е седма во светот по бројот на потврдени случаи, а починале скоро 128.000 луѓе. 

Слично

Поврзани вести