Борис Џонсон нема да бара возачи за цистерни од други земји
Имиграцијата нема да го реши недостигот од горива, гас и храна, вели британскиот премиер Борис Џонсон.
Џонсон денеска изјави дека нема да биде вратена „неконтролираната имиграција“ во решавањето на кризата поради недостигот од горива и гас за домаќинствата. Вели дека гласачите му ја дале довербата за да раскине со моделот на ниски плати за нискоквалификуваните работни места.
„Патот напред за нашата земја не е неконтролираната имиграција и овозможувањето на огромен број луѓе да работата (во Обединетото Кралство). Значи, она што нема да го сторам е враќањето на стариот пропаднат модел на ниски плати и неквалификувани работи, поддржани со неконтролираната имиграција“, изјави Џонсон за BBC.
Велика Британија има проблемите во снабдувањето, поради што се јави недостиг во испораките на горивата до бензиските пумпи и бројни продукти до продавниците.
Од понеделник воени танкери ќе ги снабдуваат бензинските со Британија со гориво.
