Борис Џонсон го спореди Путин со крокодил
Британскиот премиер Борис Џонсон го спореди рускиот претседател Владимир Путин со крокодил.
Џонсон вели дека преговорите со Русија за завршување на војната најверојатно ќе пропаднат. Тој, исто така, вели дека мисли дека е можно Москва „дури да изврши уште еден напад врз Киев“.
„Тешко им е на Украинците да преговараат со Путин сега, со оглед на неговиот очигледен недостиг на добра волја“, додаде тој.
Руските власти тврдат дека го освоиле градот Мариупол.
За да стават крај на војната, Русите имаат четири услови кои бараат да бидат исполнети. Русија ја нападна Украина на 24 февруари.
Слично
