Борец против мафијата – Италија доби нов претседател
Италијанските пратеници денеска го избрале судијата на Уставниот суд Серхио Матарела (73) за нов, 12-ти преседател на Италија.
Ројтерс наведува дека кандидатот кој го поддржал премиерот Матео Ренци е избран после три неуспешни кругови на гласање.
Матарела во четвртиот круг на гласање добил 665 гласови од италијанските пратеници, што е повеќе од 505 гласови, односно просто мнозинство кое е неопходно за избор на претседател во четвртиот, конечен круг на гласање.
Новиот претседател ќе положи заклетва наредната недела кога официјално ќе ја превземе должноста шеф на државатаод претходниот претседател Џорџ Наполитан.
Матарела, кој моментално е член на владеачката Демократска партија (ПД) е поранешен демохристијанин од Сицилија кој влегол во парламентот откако неговиот постар брат Персантиј, тогашниот регионален претседател на овој остров го убила мафија во 1980.
