Борел вели дека ниту еден дел од Украина не е безбеден
Нападите во Лавов покажуваат дека ниту еден дел од Украина не е безбеден, вели шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.
Борел рече дека ЕУ продолжува да ја поддржува истрагата на Меѓународниот кривичен суд за воените злосторства во Украина и ја повика Русија уште еднаш „веднаш и безусловно да ги прекине непријателствата и да ги повлече сите сили и воена опрема“ од земјата,објави Си-Ен-Ен.
„Украина по неколку недели е погодена од најинтензивните ракетни напади од страна на Руската Федерација. ЕУ го осудува континуираното недискриминирачко и незаконско гранатирање на цивили и цивилна инфраструктура од страна на руските вооружени сили“, рече Борел.
Во Лавов имаше загинати и повредени.
Руските сили освоија уште еден град во источна Украина. Под нивна контрола е градот Кремина во областа Луганск, околу кој утрово се воделе жестоки улични борби.На 24 февруари Русија ја почна инвазијата на Украина.
