Економија, финансии, бизнис

Контакт

БОРЕЛ: Украинската офанзива во регионот Курск беше сериозен удар за наративот на Путин

БОРЕЛ: Украинската офанзива во регионот Курск беше сериозен удар за наративот на Путин

Високиот претставник на Европската Унија(ЕУ) за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел изјави дека офанзивната операција на украинската армија во правец на Курск беше сериозен удар врз наративот на претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин. 

„Украинската офанзива во регионот Курск беше сериозен удар за наративот на рускиот лидер Путин. Укинувањето на ограничувањата за употреба на средства против руската армија, која учествува во агресијата против Украина, во согласност со меѓународното право, ќе имаат неколку важни последици“, напиша Борел на платформата Х.

Борел додаде дека тоа ќе ја зајакне украинската самоодбрана и ќе ги уништи безбедните места што Русија ги користи за напади и бомбардирања на украинските градови и инфраструктура. 

„Исто така, оваа операција ќе спаси животи и ќе го намали уништувањето во Украина и ќе помогне да се унапредат мировните напори“, рече високиот претставник на ЕУ.

Украинските сили продолжија со нападите низ регионот во руската област Курск на 20 август и неодамна постигнаа дополнителен напредок, наведува тинк-тенк организацијата Институт за проучување на војната (ISW) со седиште во Вашингтон.

Украина контролира 93 места во областа. Русија на 24 февруари 2022 година ја нападна Украина со три услови, денацификација, демилитаризација и признавање на независноста на Доњецката и Луганската народна република. Иако се веруваше дека Украина брзо ќе капитулира, сепак тоа не се случи. 

Слично

Поврзани вести