Економија, финансии, бизнис

Контакт

Борел повика 27-те земји од ЕУ да продолжат со вооружувањето на украинската армија бидејќи војната ќе биде решена за 15 дена

Борел повика  27-те земји од ЕУ да продолжат со вооружувањето на украинската армија бидејќи војната ќе биде решена за 15 дена

Војната ќе биде решена во наредните 15 дена, вели високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел. 

Тој ги повика 27-те земји од ЕУ да продолжат со вооружувањето на украинската армија бидејќи „сè ќе биде решено во следните 15 дена“. Вели дека отпорот на Украина е извонреден. 

„Руската армија не успева да пробие повеќе од 200 километри од нејзините логистички бази и изгуби многу војници и тенкови, кои можеме да ги видиме преку сателити и авиони“, изјави Борел во интервју за шпанската јавна телевизија ТВЕ.

Вели дека целта на руската инвазија пропадна. Борел рече дека Русите изгубиле една третина од своите војници во изминатиот месец, колку што траела нивната инвазија на Украина.

„Кога ќе се собере бројот на загинати, ранети и заробени, остануваат 40.000 војници. Тоа е проценката“, рече тој. 

Борел тврди дека украинскиот отпор го скршил обрачот околу Киев. Вели дека Русија во моментов не сака да преговара за ништо затоа што сака да ја окупира територијата. Утре се навршува еден месец откако почна војната во Украина. 

Слично

Поврзани вести