Економија, финансии, бизнис

Контакт

Борел порача дека ЕУ треба бројот на визи за Русите да го сведе на десетина

Борел порача дека ЕУ треба бројот на визи за Русите да го сведе на десетина

ЕУ не треба да ги укине визите за Русите, туку да ги намали на десетина, вели шефот на европската дипломатија Жозеп Борел. 

Вели дека ЕУ треба да се „инспирира од Финска" и да го сведе бројот на одобрени визи на десетина.

„Украинците страдаат, нормалниот туризам не треба да продолжи“, изјави Борел. 

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба бара да бидат ригорозни кон Русите. 

„ЕУ е обврзана да го забрани влезот на туристите од Русија бидејќи мнозинството од населението ја поддржува геноцидната војна против Украина. Помина времето за полумерки. Само остра и заедничка политика може да даде резултати“, изјави Кулеба. 

Естонија прва ја даде идејата и таа веќе ги ограничи Русите, но други земји се колебаат. 

Германија и Франција се против забраната за издавање визи за ЕУ за сите Руси. 

Од овие две земји велат дека Европската унија не смее да ги спречи руските туристи да го посетуваат блокот. 

Ако ЕУ воведе ограничување за Русите, Русија ќе одговори соодветно.

Слично

Поврзани вести