Економија, финансии, бизнис

Контакт

Борел опомена дека без воведување на санкции за Русија, Белград тешко ќе влезе во ЕУ

Борел опомена дека без воведување на санкции за Русија, Белград тешко ќе влезе во ЕУ

Приклучувањето на Србија во Унијата ќе биде тешко без воведување санкции против Русија,  вели шефот на европската дипломатија Жозеп Борел. 

Тој денеска за телевизијата Н1 изјави дека „за процесот на пристапување во Европската Унија неопходно е усогласување со нејзината надворешна политика“. Борел вели дека во извештајот на Европската комисија, се гледа дека Србија, како и Турција, доцнат во однос на усогласувањето со надворешната политика на ЕУ. 

„Падот на усогласеноста во комбинација со блиските односи со режимот на (рускиот претседател Владимир) Путин значи дека нема да имаме друг избор освен да препорачаме проценка на падот на усогласувањето во рамките на Поглавјето 31“, рече Борел.

Тој изјави и дека „нема рок“ до кој Србија треба да воведе санкции против Русија и додаде дека Белград „треба да ја следи надворешната политика на ЕУ“.

Владимир Путин води освојувачка војна, вели потпретседателката на српската влада, Зорана Михајловиќ за рускиот претседател. 

Таа рече дека Путин го носи целиот свет, секој граѓанин, секое дете на чекор од страдањето.  Според Михајловиќ, Србија мора јасно да ја дефинира својата позиција на новата светска геополитичка карта и да си го најде своето место во следните 100 години.

фото принтскрин

Слично

Поврзани вести