Борел најави дека повеќе европски земји ќе ги обучуваат украинските сили
ЕУ ќе започне мисија за воена помош на Украина, најави шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.
Министрите за одбрана на ЕУ кои се состанаа во чешкиот главен град Прага се согласија за формирање мисија за воена обука за украинските сили, со цел да се помогне на Украина во одбраната од руската инвазија.
„Има многу иницијативи, но потребите се огромни и ние треба да обезбедиме кохерентност на овие иницијативи“, рече Борел.
Министрите разгледуваат како нивните земји би можеле да помогнат во обуката на украинските сили.
„Можам да кажам дека сите земји-членки јасно се согласуваат за тоа и за започнување на дефинирање на параметрите за мисијата на ЕУ за воена помош за Украина“, рече Борел.
Британија и Германија веќе ги обучуваат украинските сили.
Слично
