Економија, финансии, бизнис

Контакт

Борец од Вагнер пукал во Санкт Петербург

Борец од Вагнер пукал во Санкт Петербург

Член на групата Вагнер пукал од калашников во градот Санкт Петербург затоа што бил вознемирен поради смртта на лидерот Евгенија Пригожин.

Борец на Вагнер, идентификуван како Јуриј Новиков е приведен откако пукал од АК-47 во воздух. Новиков бил потресен од смртта на Пригожин.

Неколку членови на Вагнер за „Гардијан“ изјавија дека не знаат кога и каде ќе се одржи погребот на Пригожин.

„Ништо не ни беше кажано. Се надевам дека ќе го добие збогувањето што го заслужува“, рече војник на Вагнер кој сакал да остане анонимен.

Од Кремљ велат дека не знаат кога ќе се одржи погребот на шефот на Вагнер и дали рускиот претседател Владимир Путин ќе присуствува.

Пригожин загина во средата откако авионот се урна близу Москва. 

Тој пред два месеци направи неуспешен обид за пуч, а во интервју кажа дека не може да лаже, макар и да го убијат. 

Деновиве се појавија и видеа на кои се гледа дека гробиштата на Вагнер во Русија се запалени. 

Слично

Поврзани вести