БОРЦИТЕ И ЦИВИЛИТЕ МОЖЕ ДА ЈА НАПУШТАТ ЧЕЛИЧАНАТА АЗОВСТАЛ: Русија го отвори коридорот и ги повика
Русија е
подготвена да го прекине огнот за да им овозможи на борците во фабриката за
челик Азовстал во украинскиот пристанишен град Мариупол да ја напуштат
фабриката заедно со сите цивили кои се уште се таму, соопшти денеска руското
Министерство за одбрана, пренесува Ројтерс, повикувајќи се на РИА Новости.
Министерството изјави дека тврдењата на Украина и некои западни земји дека Русија ги спречува цивилите да го напуштат градот се неосновани, пренесе Ројтерс, повикувајќи се на агенцијата ТАСС.
Претходно денеска градоначалникот на Мариупол, Вадим Бојченко повторно апелираше за „целосна евакуација“ на тој град, за кој Русија вчера објави дека го освоила, пренесува британската агенција.
ФОТО: EPA/OLEG PETRASYUK
Слично
