Борби за аеродромот во Луганск
Жестоки борби се водат од утрово меѓу украинската војска и проруските сепаратисти за контрола врз аеродромот во источниот украински град Луганск.
Според последните информации, украинските војници добиле наредба да се повлечат во село во близина на аеродромот, затоа што биле погодени од жесток артилериски оган од страна на бунтовниците.
Портпаролот на украинската војска Андреј Лисенко вели дека „според прецизноста на гаѓањето може да се заклучи дека заедно со проруските бунтовници има припадници на артилеријата на руските вооружени сили“.
Украинскиот министер за одбрана Валериј Гелетеј нагласи дека руски војници има и во регионот на Доњецк, со што практично „Украина е во војна со Русија“.
Москва засега негира дека испраќа свои војници во источна Украина како поддршка на сепаратистите.
Слично
