Економија, финансии, бизнис

Контакт

БОРБИ НА РУСКО ТЛО: Чеченски командант призна дека имаат загуби

БОРБИ НА РУСКО ТЛО: Чеченски командант призна дека имаат загуби

Веќе  четврти ден има борби во  Курск во Русија, откако украинските сили упаднаа во регионот. 

Апти Алаудинов, командант на чеченската единица Ахмат, што се бори за Русија, изјави дека украинските сили напреднале 10-ина километри во областа Курск од 7 август.

„Ситуацијата не е неповратна, ништо натприродно не се случи… Да, нашите луѓе загинаа, тоа е факт. Непријателот влезе во неколку населени места“, рече Алаудинов, близок соработник на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров и претставник на руското Министерство за одбрана.

Алаудинов стана првиот руски командант што призна загуби откако Украина почна прекуграничен упад во регионот Курск на 6 август. И покрај постојаните тврдења на Москва дека украинското напредување е запрено, борбите продолжуваат.

Москва пак тврди дека Украина изгубила скоро 1.000 војници. Руската инвазија на Украина почна пред две и пол години. Иако се очекуваше дека Украина брзо ќе биде поразена, сепак тоа не се случи. 

Слично

Поврзани вести