Економија, финансии, бизнис

Контакт

Борбени тестови на најновите и најмоќните руски авиони во Сирија

Борбени тестови на најновите и најмоќните руски авиони во Сирија

Руската армија извела повеќе воздушни напади во Сирија користејќи ги своите најнови, најмоќни и најнапредни млазни авиони Сухој 57 кои за прв пат биле тестирани во вистинска борба при што покажеле одлични резултати. Со тоа Русија е на пат да остане една од најмоќните сили со борбени авиони во воздух со технологија која полека ќе ги застрашува земјите членки на НАТО, а најмногу САД каде постои огромна нетрпеливост.

Рускиот авион е претставник на петтата генерација ловци, во иста класа како F-22 Raptor и F-35 Joint Strike Fighter. Петтата генерација комбинира стелт технологија, големи, моќни мотори кои им овозможуваат да летаат побрзо од звукот, способност за вмрежување и напредна авионика и радари.

Русија ја употребува Сирија како своевиден полигон за тестирање на најновата опрема, вклучувајќи го тенкот Т-90, Панцир мобилниот систем за противвоздушна одбрана и возилата отпорни на мини Тајфун.

Русија е еден од најголемите светски произведувачи на оружје во светот и голем дел од економијата која ја подигна Путн се заоснава токму врз воената индустрија продавајќи оружје на голем број земји. 

Слично

Поврзани вести