Економија, финансии, бизнис

Контакт

БОРБА ЗА ПОЧИСТ ВОЗДУХ: Светски главен град ги забрани автомобилите

БОРБА ЗА ПОЧИСТ ВОЗДУХ: Светски главен град ги забрани автомобилите

За да дишат чист воздух и да се подобри климата, градските власти на Осло решија во иднина да ги забранат автомобилите во центарот на норвешкиот град.

До 2019 година, Осло целосно ќе ги забрани автомобилите во центарот на градот, каде дневно на работа доаѓаат над 90 000 луѓе.

Центарот без сообраќај е дел од пакетот мерки што треба да придонесат емисијата на штетни гасови во Осло да се намали за 50 проценти наспроти нивото од 1990 година.

Заедничката платформа на левичарката работничка партија, социјалистите и зелените победи на локалните избори во средината на септември. Тие планираат да ја намалат потрошувачката на фосилни горива, да ја прошират мрежата на велосипедски патеки и да инвестираат во електрични велосипеди.

Осло не е првиот град што спроведува вакви мерки во борбата за почиста околина.

Другите европски градови веќе воведоа забрани за сообраќај во центарот, како Мадрид или Лондон, а Париз стартуваше со недели без автомобили.

Слично

Поврзани вести