Економија, финансии, бизнис

Контакт

БОРБА ЗА АРТИКОТ: Уште една светска сила се вклучува во битката на лед

БОРБА ЗА АРТИКОТ: Уште една светска сила се вклучува во битката на лед

САД ќе вложи милијарда долари во ледокршачи за да ја намали доминацијата на Русија на Артикот, пишува Тајмс.

Според тврдењето на весникот, Вашингтон ја смета оваа инвестиција за неопходна, како поради топење на ледот што ќе доведе до поголема трговска можност, како и поради заостанувањето во однос на Мосва.

Американската морнарица неколку пати го критикуваше Пентагон поради недостатокот на јасна стратегија, особено поради топењето на ледот што може да донесе отворање на нови трговски патишта. САД имаат само два ледокршачи, Русија 45, а нова закана е Кина, која најави инвестиција на ова поле.

Во борбата за превласт на Артикот, САД во новиот буџет одвои 717 милијарда долари за одбрана,па се очекува до 2023 година, да добијат 6 ледокршачи. Претпоставка е дека секој од нив ќе чини 910 милиони долари.


Во моментов САД располагаат само со три ледокршачи. Едниот е во употреба и е стар повеќе од 40 години, вториот веќе не е во фунцкија и служи за делови, а третиот се користи за научни истражувања.

Русија се спрема за пуштање во употреба на 11 ледокршачи, од кои три нуклеарни ледокршачи кои треба да бидат пуштени до 2020 година. Покрај тоа, Москва го зголемува воениот капацитет во регионот и е спремна да извлекува нафта и гас.


Слично

Поврзани вести