БОРБА СО „ИСЛАМСКА ДРЖАВА“: Потребни се тешки одлуки!
На 14 октомври во воздухопловната база во близина на Вашингтон, САД, се собраа високи воени претставници од 22 земји-учеснички во меѓународната коалиција за борба против организацијата "Исламска држава". Средбата имаше две основни цели.
Првата цел - да се работи на интеграцијата на напорите на сите за изградба на она што личи на стратегија на коалицијата. Втората цел, која се истакнуваше и од присуството на американскиот претседател Барак Обама - да се демонстрира сериозност на посветеноста на Америка кон коалицијата.
Претседателот имплицитно призна дека и на двете цели се работи, велејќи дека тоа ќе биде долгорочна кампања со "периоди на напредок и неуспеси".
Токму сега неуспехот изгледа доста очигледен. Засилените воздушни напади од страна на Американците и Саудијците врз исламистите кои го опседнаа граничниот сириски град Кобане, но градот се уште е во опасност и може да биде преземен од екстремистичката организација. Во исто време, дури и со воздушна поддршка на западните сили, ирачките безбедносни сили вршат патетичен отпор во провинцијата Анбар.
"Исламска држава" успеа оваа недела да превземе воена база во близина на Хит, на околу 185 километри од Багдад. Во моментов организацијата контролира над три четвртини од покраината. Според Мартин Демпси, претседател на началниците на САД, без интервенција на хеликоптерите Apache минатата недела џихадисти можеле да го заземат аеродромот во Багдад. Демпси нема сомнение дека исламистичките милитанти ќе се обидат повторно да го нападнат Багдад во следните денови.
Надежите за напредок на Обама се спречени од конфликтните во агендата на многу од неговите коалициони партнери. Тешкотиите на управувањето на коалицијата се светло илустрирани од спорот меѓу Анкара и Вашингтон. Одбивањето на Турција да ги крене рака, за да се олесни ситуацијата во Кобане, фрла темна сенка врз целиот потфат.
Американски авиони, кои се обидуваат да им помогнат на очајните бранители на пограничниот град, се принудени да летаат повеќе од 1 200 милји од Персискиот залив, бидејќи Турција не ќе им овозможи да работат од Инджирлик, голема воздушна база на НАТО на помалку од 20 минути.
Дали коалицијата ќе ја придобие Турција на своја страна во голема мера ќе зависи од Барак Обама и дали тој ќе дозволи создавање на зона забранета за летови и тампон зона на турско-сириската граница. Реџеп Таип Ердоган сака и посветеност за борба против режимот на Башар ал Асад, освен со "Исламската држава".
Обама е подложен на сериозен притисок да ја зајакне воената кампања против екстремистите на Блискиот Исток. Критичарите на меѓународната коалиција гледаат на воздушната офанзива како на половични мерки.
Генерал Лојд Остин, командант на американските сили во регионот, тврди дека кампањата е на вистинскиот пат. Воздушните напади остануваат приоритет, бидејќи со нив се заработува време за ирачките сили, кои постепено ја обновуваат копнената офанзива.
Меѓу критичарите на меѓународната коалиција е и сенаторот републиканец Џон Мекејн, кој тврди дека бомбардирањето не функционира.
Веќе цела недела Демпси навестува дека може и да побара американските војници да ги придружуваат ирачките сили за борбени операции, иако со тоа ќе се скрши ветувањето на Обама, САД да не се вовлекува во копнена операција. Користењето на хеликоптерите Apache кои беа употребени против џихадистите, кои се закануваа на аеродром Багдад, се поефикасни при одбивање на силите, но повеќе ранливи од оган од земјата отколку што се авионите.
Администрацијата на Обама се соочува со повиците да ги прошири своите стратешки цели, ида го опфати и режимот на Башар ал Асад во Сирија. Сојузници во меѓународната коалиција против џихадисти сепак би сакале Вашингтон да ја поддржи сириската армија.
Барањата на Турција се "лизгава зона" за Вашингтон, кој не сака да станува дел и во политиката спрема курдското население во северниот дел на Сирија. Воените операции во Ирак заедно со курдските сили донесоа поголема легитимност на полуавтономните ирачки Курди. На крајот на минатата недела, сепак била спроведена средба со претставници на сириските Курди, призна Обама.
К.К.
Слично
