Економија, финансии, бизнис

Контакт

БОРБА ПРОТИВ ТЕРОРИЗМОТ: Колку пари чини војната со екстремистите?

БОРБА ПРОТИВ ТЕРОРИЗМОТ: Колку пари чини војната со екстремистите?
Светот троши се повеќе пари во борбата против тероризмот. Новото истражување покажува дека борбата против екстремистите денеска е поскапа отколку нападот пример, на 11 септември во САД. Минатата година беше најлоша во поглед на загубени животи, настаната штета и бројот на земји врз кои влијаеше тероризмот, покажа извештајот на австралискиот Институт за економија и мир. Поради терористичките дела во 2014 година, ширум светот се потрошени вкупно 52.9 милијарди долари. Претходно најмногу било потрошено во 2001 година, кога трошокот изнесувал 51.1 милијарда. Минатата година значително порасна бројот на смртни случаи во терористички напади, кој се искачи на речиси 32.700 загинати, што е за 18 000 повеќе изгубени животи од 2013 година. Истовремено расте и влијанието на тероризмот во земјите низ светот. Додека во 2013 година тероризмот влијаеше врз 88 земји, во 2014 година од неговото влијание патеа 93 држави. Сепак, авторите на извештајот напоменуваат дека економскиот дел од анализата не е совршено пресметан, бидејќи е тешко да се одреди вистинската цена на тероризмот. Мерењата ги извршиле со помош на директни трошоци на оштетениот имот, медицинските трошоци и изгубените приходи од мртвите и ранетите. Инаку, повеќе од три четвртини од сите смртни случаи поврзани со тероризмот се случуваат во пет држави: Ирак, Нигерија, Авганистан, Пакистан и Сирија. Само во Ирак и Нигерија се случија половина од сите терористички убиства во 2014 година, и тоа од најкрволочните терористички групи: Боко Харам и ИСИС.
Слично

Поврзани вести