Економија, финансии, бизнис

Контакт

Борба против Фронтот ал Нусра бара Оланд

Борба против Фронтот ал Нусра бара Оланд

Франсоа Оланд, претседател на Франција смета дека мултинационалната коалиција предводена од САД, која дејствува против групата „Исламска држава“ во Сирија и во Ирак, би требало акциите да ги прошири и против сирискиот Фронт Ал Нусра.

Тој вели дека меѓународната заедница треба да преземе ефикасна акција и против Фронтот ал Нусра, кој важи за сириски огранок на терористичката мрежа Ал Каеда.

„Додека ИД слабее и се повлекува од териториите што ги држи под контрола, постои ризик да зајакант некои други групи, како на пример Фронтот ал Нусра“- изјави синоќа Оланд на средба со француски новинари по завршувањето на Самитот на НАТО во Варшава.

Можноста за проширување на операциите против Фронтот Ал Нусра и за преземање „решители акции“ против оваа исламистичка група, беше спомената и за време на разговорите меѓу американскиот државен секретар, Џон Кери и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, одржани на 1 јуни.

Оланд неодамна кажа дека по нападите во Париз лани во ноември работат за поголема безбедност во земјата.

Слично

Поврзани вести