Економија, финансии, бизнис

Контакт

БОРБА НА НЕРВИ ЗА БАЈДЕН И ТРАМП: Трката останува неизвесна, Бајден има предност од 8.000 гласа

БОРБА НА НЕРВИ ЗА БАЈДЕН И ТРАМП: Трката останува неизвесна, Бајден има предност од 8.000 гласа

Изборната претседателска трка во САД се уште трае зошто не се обработени сите гласови од избирачите, кои поради Ковид-19 стигнуваат и по пошта. Според британскиот сервис Би-Би-Си, ваквиот начин на обработка на гласовите може да трае подолго, а во случај резултатот да биде оспорен, името на победникот ќе се знае дури по неколку недели.

И покрај рекордната излезност на претседателските избори, во САД има само неколку клучни држави во кои на крајот ќе се одлучува кој ќе стане претседател.

Досега, и Бајден и Трамп освоија гласови во оние држави каде што се очекуваше. Резултатите од Пенсилванија, Висконсин, Мичиген и Џорџија, се неопходни за победа на изборите. Бајден рече дека верува дека неговата кампања е кон зацртаната цел, а тоа се 270 електорски гласови во Изборниот колеџ, вклучувајќи ги оние од Мичиген, Пенсилванија и Висконсин. Освојувањето на тие три држави би биле доволни за негова победа. Трката е сè уште тесна во неколку држави каде гласовите кои стигнале по пошта сеуште не се избројани.Досега се преброени околу 70% од гласовите, а засега кандидатот на демократите Џо Бајден има мала предност, од околу 8.000 гласови.


Слично

Поврзани вести