Економија, финансии, бизнис

Контакт

БОНУС ОД 5.000 ЕВРА ЗА САМО ЕДНА ДОЗА ВАКЦИНА: Сопственик на компанија во Германија ова го чинело 2,5 милиони евра, но вели се исплатело

БОНУС ОД 5.000 ЕВРА ЗА САМО ЕДНА ДОЗА ВАКЦИНА: Сопственик на компанија во Германија ова го чинело 2,5 милиони евра, но вели се исплатело

Бројот на вакцинирани во Германија моментално стагнира. На крајот на минатата година дневно се вакцинираа повеќе од милион Германци, а неодамна околу 300.000. Затоа властите и работодавачите се одлучуваат за различни стимулации за да привлечат што повеќе граѓани на имунизација.

Компанија од Јена на своите вработени им понудила бонус од 5.000 евра за само една доза вакцина, пренесува Fenix-magazine.

Станува збор за компанијата Бочер АГ, а нејзиниот директор Удо Бочер на крајот на минатата година изјави дека неговата понуда ќе важи до крајот на јануари 2022 година.

Планпт успеа, вели Бочер, нагласувајќи дека порано секој десетти работник бил заразен, а стапката на вакцинација била околу 60 проценти. Денеска 90 отсто од вработените во компанијата се вакцинирани.

„Понудата ја искористија повеќе од 500 вработени. Овој чекор ја чинеше компанијата околу 2,5 милиони евра“, рече Бочер, а членот на управниот одбор Данило Фразиак рече дека одлуката се исплатела.

„Додека во ноември имавме и до 10 инфекции дневно, во последните 6 недели е регистрирана само една инфекција. Нашите вработени се заштитени од последиците на корона инфекцијата, што е многу добро за нас како компанија бидејќи можеме да си ја работиме работата со одличен тим“, изјави Фразијак.


Слично

Поврзани вести