Бонбони, вафли, алкохол – со акциза во Русија
Руското Министерство за финансии и земјоделски завод го поддржаа воведувањето на акцизи на „штетната“ храна, особено на палмино масло и газираните пијалоци, забележува „РБК дејли“.
Според производители ова масло се користи во денешна Русија во колосални размери - бонбони, колачи, пасти и млечните десерти, сирење, дури и чоколадото далеку не е изоставено од листата со храна, каквапрактично веќе не се правибез палминото масло.
Неговата содржина во рускиот маргарин е 40-60 отсто, а во цената на пекара и кондиторските производи уделот на индустриските масти и маргарини достигнува 40%. А штом се воведат акцизи, цените неизбежно ќе се зголемат, предупредуваат експерти на „РБК дејли“, цитирани од BBC.
Москва може да им забрани на федералните субјекти да ја ограничуваат продажбата на одредени алкохолни пијалоци и да воведуваат други ограничувања на алкохолниот пазар, информира „Известија“.
Тоа го предвидува планот на Министерството за финансии, испратен во јануари во владата на Русија. Документот предвидува мерки кои ја оптимизираат употребата на приходите во буџетскиот систем.
„Како што покажува практиката со содржаниот алкохол и енергетски пијалоци, секој регион има право да ја забрани на пример вотката или дури одредена марка вотка. Тоа се загуби за буџетот. Регионалните политичари си прават ПР со овие забрани, но вистинска корист од нив нема“, коментира експертот за пазар Вадим Дробиз.
Според него ингеренциите на одделните руски региони да ја регулираат продажба на алкохол го поттикнуваат ширењето на фалсификати и го стегаат купувањето на легални пијалоци.
Потребни се обединети правила за целата земја, инсистирал и Дмитриј Добров, шеф на рускиот Сојуз на производители на алкохолна продукција.
