Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бон за Украина: Нема забрзана процедура, нема кралска пропусница

Бон за Украина: Нема забрзана процедура, нема кралска пропусница

Пристапувањето на Украина во Eвропската Унија (ЕУ) може да потрае со години. 

Клемент Бон, државен секретар за европски прашања во француското Министерство за надворешни и европски работи вели дека ова може да се случи, иако земјата има поддршка од многу лидери. Објаснува дека нема забрзана процедура, нема кралска пропусница.  Бон додава дека ќе мора да заврши војната, да ја обноват земјата, и да исполнат многу критериуми. Кажа дека Украина ќе мора да почитува строги правила како и секој друг кандидат.

„За ова ќе биде потребно време. Но, ние испраќаме сигнал дека сме отворени“, рече Бон во интервју за француското радио Европа 1. 

Европскиот комесар за буџет Јоханес Хан очекува дека на следниот самит на ЕУ официјално да им биде даден статус кандидати на Украина и на Молдавија. 

Партијата на слободата на Австрија почна дискусија за излегување на земјата од ЕУ. Младината на оваа партија почна дискусија за излегување од ЕУ, реагирајќи на препораката на Европската комисија на Украина и Молдавија да им даде кандидатски статус.


Фото: EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

Слично

Поврзани вести