Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бомбата во Лондон имала тајмер, Трамп со жестоки критики за „Скотланд Јард“

Бомбата во Лондон имала тајмер, Трамп со жестоки критики за „Скотланд Јард“

Експлозивната направа што експлодираше ова утро на лондонската железничка станица имала тајмер, објави ББС. 

Во меѓувреме, лондонската полиција официјално побара од сите оние кои имаат видео снимки или фотографии од она што се случило да ги испратат до властите. Исто така, стана јасно дека вкупно 22 лица биле пренсени во четири болници во Лондон.

Реакција поради атентатот веќе стигна од американскиот претседател Доналд Трамп. Традиционално тој го изрази своето мислење ма Твитер. 

„Нова напад во Лондон, извршена од терорист-губитник. Тоа се болни и малоумни луѓе кои биле во видното поле на Скотланд Јард“. Треба да има про активност. Со терористите-губитници треба да се дејствува цврсто. Интернетот е основно средство тие да бидат регрутирани и активирани и треба да го искористиме подобро", напишал американскиот претседател. 

Од Лондонската полиција експлицитно посочија дека немаат намера да коментираат на критиката на Трамп кон „Скотланд Јард“.

Слично

Поврзани вести