Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бомбашки напади: „Крвавиот“ Велигден во Шри Ланка однесе 290 животи

Бомбашки напади: „Крвавиот“ Велигден во Шри Ланка однесе 290 животи

Сеуште никој ја нема превземено одговорноста за терористичките нападите кои се случија на првиот ден од големиот христијански празик Велигден во Шри Ланка.

Неколкуте бомбашки напади врз цркви и хотели, одзедоа досега 290 животи, а над 500 луѓе се повредени.

Полицијата извести дека уапсила 13 лица, осомничени за крвавите напади.

Шефот на полицијата на Шри Ланка пред десет дена со допис за безбедност, предупредил дека се можни бомбашки напади во цркви. Тој во своето предупредување напишал дека се можни терористички напади врз по познати цркви за време на празниците и врз амбасадата на Индија во главниот град на Шри Ланка, Коломбо.

Меѓу загинатите има и лица од други земји. Најмалку 35 лица од жртвите се од Кина, Поругалија, САД, Холандија, Индија но и од Велика Британија.

Американскиот стејт департмент ги предупредува своите граѓани доколку можат да ја избегнат Шри Ланка како туристичка дестинација во наредните неколку денови, бидејќи според нив се можни нови терористички напади во оваа островска земја.

„Терористите напаѓаат без предупредување“ се наведува во соопштението.

Слично

Поврзани вести