Економија, финансии, бизнис

Контакт

БОМБАШКИ НАПАД ВО КАБУЛ: Oчевидец вели дека имало чад и мртви тела насекаде

БОМБАШКИ НАПАД ВО КАБУЛ: Oчевидец вели дека имало чад и мртви тела насекаде

10 луѓе загинаа, а 30 се повредени во самоубиствениот бомбашки напад врз џамијата Калифа Сахиб во авганистанскиот главен град Кабул. 

„Црн чад се крена и се рашири насекаде, мртви тела имаше насекаде“, изјави водачот на џамијата Саид Фазил Ага за Ројтерс.

Експлозијата, наводно, се случила за време на собранието познато како Зикр, чин на религиозно сеќавање што се смета за еретички од некои тврдокорни сунитски групи.

Ага рече дека експлозијата во сунитската џамија во областа Дарул Аман во авганистанската престолнина одекнала откако некој за кој се верува дека е бомбаш самоубиец се приклучил на церемонијата по петочната молитва.

Во џамијата, се одржуваа богослужби во последниот петок од муслиманскиот свет месец Рамазан додека верниците се подготвуваат да го прослават празникот Бајрам. Досега никој не презеде одговорност за нападот. 

foto EPA/EFE

Слично

Поврзани вести