Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бомбаш самоубиец се удрил во конвој на НАТО во Кабул

Бомбаш самоубиец се удрил во конвој на НАТО во Кабул

Бомбаш самоубиец со автомобил полн со експлозив се удрил во конвој со странски сили во авганистанската престолнина Кабул.

Се уште не е прецизирано дали има жртви.

За втор пат за една недела е нападнат странски конвој.

„Потврдувам дека бомбаш-самоубиец се удри со автомобил во странски сили, но немаме детали за жртви“, изјавил воениот портпарол Седик Седики, додавајќи дека нападот се случил во источниот дел на Кабул.

Минатата недела Талибанците го нападнаа конвојот на НАТО војниците во Кабул. Еден цивил загина, а 12 лица беа повредени. Двајца војници од коалицијата добија полесни повреди.

Ситуацијата во земјата се влоши по повлекувањето на НАТО војниците од Авганистан во 2014 година. Талибанците ги искористија и зачестија нападите врз авганистанските сили.

Околу 9 800 американски војници има во моментов во Авганистан, а во 2011 година беа 100 илјади. Повеќето од останатите во земјата ги обучуваат авганистанските сили.

Слично

Поврзани вести