Бомбаш самоубиец се разнесе во Багдад: Десетици мртви и повредени
Смртно настрадаа 17 лица, но се стравува дека бројот на загинати би можел да порасне со оглед на големиот број на повредени.
Бомбашот самоубиец за залетал со автомобилот-бомба меѓу шиитските верници близу Багдад, при што загинале најмалку 17 лица, а 40 од нив се повредени, објавија ирачките безбедносни и здравствени службеници.
Полициските избори наведуваат како бројот на загинати може да порасне, со оглед на се поголемиот број на повредени.
Бомабта експлодирала на патот во зоната Нахрауан по која шиитските верници поминуваат на пат до гробот на Муса ал Казим, седмо од 12 имами на шиизмот, отруен во затвор во 799 година по наредба на абасидскиот калиф Харун ал Рашид.
Сомневања на ИСИЛ
Секоја година милиони верници од Ирак, но и од соседен Иран, пристигнувата во тоа свето место.
За бомбашкиот напад никој непосредно не преземал одговорност, но воорушени групи на ИСИС во минатото неколку пати нападнаа шиитски верници .
Обединетите народи потсетуваат како само минатиот месец загинале најмалку 1119 Иранчани, а 1561 од нив се повредени во дела на тероризам, насилства и вооружени судири.
