Економија, финансии, бизнис

Контакт

БОМБАШ-САМОУБИЕЦ СЕ РАЗНЕЛ ПРЕД ВЛАДИНАТА КАНЦЕЛАРИЈА: Загинале 16 лица, а 34 се повредени

БОМБАШ-САМОУБИЕЦ СЕ РАЗНЕЛ ПРЕД ВЛАДИНАТА КАНЦЕЛАРИЈА: Загинале 16 лица, а 34 се повредени

Најмалку 16 лица загинале, а 34 се повредени кога бомбаш-самоубиец се „забил“ со мотор во оградата пред владината канцеларија за национални податоци и регистрација (Надра) во северозападниот дел на Пакистан, во месноста Мардан, соопшти денеска полицијата.

Според зборовите на полицаецот Наем Кана, бомбашот-самоубиец  кој на себе носел експлозив удрил со морот во канцеларијата во Надра каде голем број на луѓе чекале во ред, пренесе агенцијата „Ројтерс“.

За сега никој не ја превзема одговорноста за нападот, но се сомневаат дека одговорноста ја сносат пакистанските талибански екстремисти, кои во текот на оваа година извршиле повеќе вакви напади.

Слично

Поврзани вести