БОМБАШ САМОУБИЕЦ СЕ РАЗНЕСЕ НА ВЕРСКИ СОБИР, 52 ЛУЃЕ ЗАГИНАА: Во напад во Пакистан има и над 50 повредени
Најмалку 50 луѓе загинаа, а повеќе од 50 се повредени во
експлозија во Пакистан, потврди полицијата за Би-Би-Си.
Нападот се случил утринава во близина на џамија во југозападната провинција Балучистан, додека луѓето се собрале да го прослават раѓањето на пророкот Мухамед.
Полицијата се сомнева дека се работи за самоубиствен напад насочен кон верски собир во градот Мастунг.
Властите прогласија вонредна состојба. Од полицијата велат дека повредените биле веднаш пренесени во болница.
Бројот на жртви за Би-Би-Си Њуз го потврдија двајца полицајци од градот Мастунг. Сарфраз Бугти, министерот за внатрешни работи, го нарече нападот „гнасен чин“.
На бројните видеа на социјалните мрежи може да се забележат службите за итна помош и локалните жители како ги спасуваат повредените.
Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.
