Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бомбаш самоубиец се разнесе на курдска свадба

Бомбаш самоубиец се разнесе на курдска свадба

Триесет и две лица загинаа и околу 100 се повредени синоќа при самоубиствен напад на свадба во курдски регион во североисточниот дел на Сирија, соопштија медицински извори, цитирани од Франс прес.

Нападот е извршен од бомбаш-самоубиец, кој се разнесе во салата за свечености во селото, кое се наоѓа на север од градот Хасака. Таму собраните луѓе биле на свадба кај член на курдската партија.

„Исламска држава" во соопштението наведува дека нејзиниот член пукал во бројни курдски милитанти во близина на Хасака, а потоа се разнел. Според текстот, во кој не се споменува за свадбата, при нападот загинале 40 лица.

Младенците се живи и не се повредени, соопшти Сирискиот центар за набљудување на човековите права. 




Слично

Поврзани вести