Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бомбардирања во Јужна Сирија-ново жариште на Русите?

Бомбардирања во Јужна Сирија-ново жариште на Русите?

Русија изгледа извршила напади во јужната сириска провинција Дера за прв пат, што се смета за проширување на нејзината воздушна кампања, забележуваат од Сирискиот центар за набљудување на човековите права, цитирани од агенциите.

„Воени авиони, сметани за руски, извршиле напади во областите на Хара, Тал Антара, Кафр и Акраба во северниот дел на Дера минатата ноќ“, посочуваат од центарот.

„Тоа е прв пат руски авиони да извршат напади во Дера“, изјавил шефот на Сирискиот центар за набљудување на човековите права Рами Абдел Рахман.

Велика Британија со седиште на опозициска група не располага со детали, дали има жртви и разурнувања по нападите.

Погодена е област која е контролирана од неколку опозициски групи, вклучувајќи умерени исламисти, и делот на „Ал Каеда“ во Сирија - „Фронтот ал Нусра“.

Во провинцијата имало судири помеѓу опозицијата и силите на режимот на Башар ал Асад, но таму не е спроведена масовна копнена операција лансирана од владините сили со помош на руските напади на други места во земјата по започнувањето на кампањата на Москва на 30 септември.

Јужната провинција, која се граничи со Јордан, е во голема мера под контрола на опозицијата, иако режимот владее во главниот град на покраината.

Слично

Поврзани вести