Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бомба уби тројца во Колумбија, бунтовниците не мируваат

Бомба уби тројца во Колумбија, бунтовниците не мируваат

Во силна експлозија во трговски центар во Богота загинаа три девојки, меѓу кои и Француска студентка дојдена во Колумбија на размена. Властите активирањето на бомбата го сметаат збор за терористички напад кој најверојатно е изведен од страна на бунтовниците кои чекаат преговори со владата за предавање на оружјето и целосна амнестија за борбите во изминатите децении.

Бројот на жртви можел да биде и поголем со оглед на фактот дека во моментот на експлозијата на импровизираната бомба, трговскиот центар бил преполн со луѓе кои купувале подароци за денешниот ден на таткото.

Уште 11- мина се повредени,меѓу кои и средовечна државјанка на Франција. Претседателот на Колумбија,= Хуан Мануел Сантос доцна синоќа го посети трговскиот центар и рече дека станува збор за кукавички напад и побара да се пронајдат одговорните. Ги повика граѓаните да не паничат, зошто токму тоа го сакаат терористите.


Слично

Поврзани вести