БОЛНИЦИТЕ СЕ ПРЕПОЛНИ СО КОВИД ПАЦИЕНТИ: Италија е пред целосно затворање
Италија е пред целосно затворање. Бројот на заразени расте, а прагот од 100.000 мртви веќе го поминаа.
Во еден ден во земјата од вирусот починаа 376 лица, а регистрирани се повеќе од 22 илјади новозаразени. Во тешка состојба се 2,756 луѓе. Градоначалникот на Неапол, Луиџи Де Маџистрис изјави дека градските болници се преполни. Расте бројот на заразени од коронавирус и во затворите. Во изминатата седмица бројот на заразени порасна од 410 на 468. Научно-техничкиот комитет при италијанската Влада предложи заострување на мерките во сите делови на државата. Премиерот Марио Драги порача сите „да не го губат времето и да ги почитуваат договорените мерки“. Здравствените системи во повеќе земји се пред колапс.
Слично
