Економија, финансии, бизнис

Контакт

Болничар убил четворица вбризгувајќи им воздух во вените, а сега се соочува со смртна казна

Болничар убил четворица вбризгувајќи им воздух во вените, а сега се соочува со смртна казна

Болничар во САД убил четворица, така што им вбризгувал воздух во вените. 

Триесет и седум годишниот болничар, Вилијам Дејвис сега се соочува со смртна казна, пишува Би Би Си. Мажи на возраст меѓу 47 и 74 години, имале „симптоми слични на напади“ и починале од смртоносно оштетување на мозокот, откако Дејвис им вбризгувал воздух во вените. Пациентите претходно добро закрепнувале од операциите и на лекарите не им било јасно како нивната состојба се влошила. На судењето се објавени снимки од безбедносните камери на кои се гледа како болничарот влегува во една од собите на пациентите, а потоа се огласил алармот од срцевиот монитор. Адвокатот  Филип Хејс, за време на судењето тврдеше дека нема конкретни докази дека луѓето починале од вбризгување воздух. 

Слично

Поврзани вести