Болницата во Тексас виновна за ширење на ебола
Официјалните претставници на болницата во Тексас, каде што еден државјанин на САД почина од ебола, а две медицински сестри беа заразени, се извинија за пропусти кои довеле до ширење на вирусот.
Лекарот Даниел Варга вели дека болницата лошо постапила во случајот на Томас Данкан, кој по првичниот преглед во болницата беше пратен на домашно лекување, иако навел дека стигнал од Либерија и дека кај себе забележал симптоми на ебола.
„За жал, нашиот почетен третман на Данкан, и покрај напорите покрај него да бидат нашите најдобри лекари, беше погрешен. Не ја воспоставивме вистинската дијагноза и лошо ги протолкувавме симптомите на ебола. Многу ни е жал заради тоа“, вели Варга.
Неколку дена по враќањето во болница Данкан почина, а две медицински сестри кои го негуваа се заразени со ебола. По овој случај болницата го промени системот на следење на пациентите и го намали нивото на телесната температура која ќе се смета за симптом на опасниот вирус. Сегашната граница беше температура 37,7, а една од сестрите проијавила највисока телесна температура 37,2.
Слично
