Болница во Њујорк престана со породувања, бабиците си заминале без да се вакцинираат
Болница во северниот дел на американската држава Њујорк објави дека привремено ќе го прекине породувањето откако шест вработени во родилиштето поднесоа оставка затоа што не сакаа да примат вакцина против ковид.
Општата болница во округот Луис, во градот Лувил, објави дека ќе престане со породувања на 24 септември, објави „Дејли Меил“.
Болницата објави дека ќе работи со државното министерство за здравство за да се осигури дека родилиштето нема да биде трајно затворено.
„Ако можеме да направиме пауза и да се фокусираме на доведување нови бабици кои се вакцинирани, ќе можеме да породуваме мајки во округот Луис“, рече директорот на болницата Џералд Кајер.
До 27 септември, сите здравствени работници во државата, вклучително и персоналот во болниците и старечките домови на кои им е потребна 24-часовна нега, мора да добијат барем една доза од вакцината, според декретот издаден од поранешниот гувернер на Њујорк Ендрју Куомо во август.
