Болна ерекција која трае со часови - и оваа последица од коронавирусот е откриена кај двајца постари мажи, од кои едниот починал
Коронавирусот може да доведе до секакви страшни последици, па дури и до ерекција кај постари мажи. Такви случаи веќе се опишани во медицинските публикации во „American Journal of Emergency Medicine“, пренесе „Daily Mail“.
Станува збор за најмалку два случаи на пациенти постари од 60 години кои страдаат од пријапизам (ерекција без сексуална стимулација). Тие пациенти биле лекувани во болнички услови поради кортонавирусот, а едниот од нив починал.
Еден случај е од американскиот град Охајо, кој подоцна се лекувал во Мајами и е документиран минатото лето. Станува збор за 69-годишен маж со гојазност, третиран на интензивна нега во сериозна состојба.Пациентот бил поставен на стомак, така што воздухот може подобро да циркулира низ белите дробови. По 12 часа, свртувајќи го на грб, медицинските лица откриле дека има ерекција. Неговата состојба не се менувала дури и по нанесување на облоги со мраз, а по три часа крвта од пенисот била извлечена со шприц. Неколку дена подоцна, човекот починал.
Коментирајќи го случајот, д-р Ричард Вини, уролошки хирург во болницата Квин Елизабет во Бирмингем, рече дека тоа е многу интересно. Тој рече дека досега не наишол на пациенти со ковид-19, кои исто така страдаат од приапизам.
„Не видовме случаи на приапизам во врска со ковид и, колку што знам, имавме повеќе пациенти со ковид од која било друга европска болница, па ова е очигледно ретка манифестација на ковид-19“, рече д-р. Вини.
Другиот случај е од францускиот град Версај кој исто така е забележан во текот на минатото лето. Станува збор за 62-годишен маж примен на одделот за интензивна нега. Испитувањето открило дека има ерекција.
И покрај истите постапки како и пациентот во Мајами, пријапизмот траел четири часа и биле пронајдени тромбови во неговата крв. Пациентот закрепнал неколку дена подоцна.
И во двата случаи, истражувачите велат дека ерекцијата е најверојатно како резултат на згрутчување на крвта предизвикано од болеста. Сепак, сè уште нема доволно докази за да се идентификува пријапизмот како директна последица на ковид-19.
Што е пријапизам? Пријапизмот е долготрајна болна ерекција која може да предизвика трајно оштетување на вашиот пенис доколку не се лекува брзо, вклучувајќи лузни и трајна еректилна дисфункција. Пријапизам може да се појави кај сите возрасни групи, вклучувајќи ги и новороденчињата. Сепак, тоа обично ги погодува мажите во две различни возрасни групи: на возраст од 5 до 10 години и 20 и 50 години. Состојбата се развива кога крвта во пенисот ќе заглави и не може да се исцеди. Постојат два вида на приапизам: низок проток и голем проток. Приапизам со низок проток: Ова е резултат на заробување на крвта во коморите за ерекција. Често се јавува без позната причина кај мажи кои се инаку здрави, но исто така ги погодува и мажите со српеста клетка, леукемија (карцином на крв) или маларија. Пријапизам со голем проток: Ова е поретко и обично не е болно. Тоа е резултат на пукната артерија од повреда на пенисот или перинеумот (областа помеѓу скротумот и анусот), што спречува крв во пенисот да циркулира нормално, пишува овој медиум.
