Економија, финансии, бизнис

Контакт

Боливиски работници 11 дена протестираат барајќи поголеми пензии

Боливиски работници 11 дена протестираат барајќи поголеми пензии

Стотици рудари, наставници и други работници 11 дена протестираат во главниот град на Боливија, Ла Паз, барајќи зголемување на пензиите.

Тоа е 11-ти ден од протестот на боливиските работници кои почнаа на 5 мај на повик на најголемиот синдикат во земјата.

Рударите за време на вчерашниот протест активираа динамит, а демонстрантите стигнаа до пред зградата на Владата, при што полицијата употреби солзавец. Засега нема информации дали има повредени лица за време на протестот.

Во минатонеделните демонстрации 33 луѓе беа повредени, а над сто беа приведени.

Работниците бараат од Владата двојно да ги зголеми пензиите, кои просечно изнесуваат од 21 до 28 долари. Владата понуди зголемување од 891 процент.

Слично

Поврзани вести