БОЛЕДУВАЊЕ ЗАРАДИ СИЛНИ МЕНСТРУАЛНИ БОЛКИ: Шпанија е прва во Европа која го воведува
Шпанскиот
парламент усвои закон со кој им се дозволува на жените кои страдаат од силни
болки за време на менструалниот циклус да добијат платено боледување во тој
период.
Законот доби поддршка од 185 пратеници, додека 154 беа против, пренесува Франс 24.
Боледувањата поради менструација се одобрени само во неколку земји во светот, меѓу нив Јапонија, Индонезија и Замбија, а Шпанија е прва меѓу европските земји.
Ова е историски ден за напредокот на феминизмот, напиша на Твитер министерката за еднаквост Ирене Монтеро.
Законот предвидува вработените девојки и жени кои страдаат од силни болки за време на менструалниот циклус да земаат боледување онолку колку што им е потребно, а за тоа ќе плати државата, а не работодавецот.
Според Шпанското гинеколошко здружение, третина од жените страдаат од сериозни болки за време на менструалниот циклус.
ФОТО: EPA-EFE/JUAN CARLOS HIDALGO