Боко Харам ослободи 158 киднапирани жени и деца
Група на жени и деца кои беа киднапирани од страна на Боко Харам во североисточниот дел на Нигерија во декември се пуштени на слобода.
Тие 158 киднапирани за време на рацијата биле во селото Катарко и поминале околу еден месец во заробеништво, како што е наведено околностите за нивното ослободување се'уште останува нејасно.
Некои извештаи наведуваат дека бунтовниците доброволно ги ослободиле, додека другите зборуваат дека се членови на Боко Харам и дека избегале по нападот на безбедносните сили со што ги оставиле затворениците зад себе.
Овие 158 луѓе кои се вратиле кај своите семејства, 62 се мажени жени а остатокот се деца, изјавил за Би-Би-Си државниот секретар за итни случаи на државата Јобо, Муса Иди Јадаве .
Во април минатата година, припадниците на исламската држава предизвикуваа силни реакции во целиот свет, кога тие киднапираа повеќе од 200 девојки од еден училишен интернат. Тие се уште не се спасени и покрај воената помош од земјите како што се Кина, Франција, Велика Британија и САД.
