Економија, финансии, бизнис

Контакт

Боко Харам им „вети верност“ на ИСИЛ

Боко Харам им „вети верност“ на ИСИЛ

Лидерот на исламистичката нигериска група Боко Харам, Абубакар Шекау и ветил лојалност на Исламската држава во аудио порака објавена вчера.

Припадниците на Боко Харам во саботата изведоа неколку напади во кои загинале најмалку 58 илјади а повредени се 140 во градот Маидугуриј, на североистокот од Нигерија, пренесува Танјуг.

„Ние сме му верни на калифатот на муслиманите, Ибрахим ибн Авад ал Хусеин Курашиј“, соопштил гласот во пораката која е објавена на Твитер профилот на Боко Харам.

Кураши , познат како Абу Бакар ал Багдади, лидер е на џихадистичката група Исламска Држава, која прогласила калифат во деловите на Ирак и Сирија.

Најмалку 13 000 луѓе се убиени, повеќе од милион раселени од почетокот на бунтот на Боко Харам од 2009 година.

Слично

Поврзани вести