„Боинг“ предвидува да вработи 500.000 пилоти за 20 години
Работа за 498.000 нови пилоти се предвидува во американската компанија „Боинг“ до 2032 година кои ќе треба да управуваат со авионите кои треба да бидат испорачани во текот на следните дваесет години, пишува францускиот весник „Atlantico“.
Весникот цитира една студија „Технишен Аутлук“ според која во следните 20 години, бројот на авиони од типот Боинг ќе биде двојно побројна, и ќе се вработат 556.000 нови пилоти, техничари и други членови на екипажот.
„Итната побарувачката на обучен воздухопловен кадар е специфичен глобален феномен.За да се надмине недостигот од пилоти и техничари што е главен проблем на нашата индустрија треба да се користи најновата технологија со која ќе се привлечат млади луѓе да се бават со овие занимања“ – вели заменик-директорот на Боинговата служба за летови,Шери Карбари.
Врз основа на планираните нарачки до 2032 година, во светот годишно ќе има потреба од 25.000 нови пилоти за управување со авионите Боинг и по 28.000 техничари.
Според студијата, Азиско-пацифичкиот регион во текот на следните 20 години ќе има потреба од 192.000 пилоти и 215.300 техничари, Европа 99.700 пилоти и 108.200 техничари, Северна Америка 85.700 пилоти и 97.900 техничари.
На Латинска Америка ќе ѝ недостигаат 48.600 пилоти и 47.000 техничари, на Блискиот Исток 40.000 пилоти и 53.100 техничари, на Африка 16.500 пилоти и 15.900 техничари, додека на Русија 15.200 пилоти и 18.000 техничари.
