Економија, финансии, бизнис

Контакт

Боинг ја отвора својата прва фабрика во Европа

Боинг ја отвора својата прва фабрика во Европа

Американскиот авиопроизводител Boeing застана на Велика Британија за локација каде ќе ја отвори првата фабрика на Стариот континент. Тој ќе се наоѓа во англискиот град Шефилд и ќе се занимава со производство на компоненти за "Boeing 737" - еден од најчестите и најпродавани авиони во светот.

Според првичните податоци инвестицијата на американскиот производител изнесува 20 милиони фунти.

Се очекува уште од почетокот на следната година да почне регрутирањето на кадри кои ќе работат во фабриката со површина 2300 квадратни метри.

Слично

Поврзани вести