Економија, финансии, бизнис

Контакт

Богатите во Њујорк се жалат на дискриминација – Градоначалникот не им го чисти снегот затоа што не гласале за него!

Богатите во Њујорк се жалат на дискриминација – Градоначалникот не им го чисти снегот затоа што не гласале за него!
Жителите на богатите делови на Менхетен се жалат дека новоизбраниот градоначалник на Њујорк Бил де Бласио ги дискриминира и намерно не дозволил да се исчистат од снег улиците пред нивните домови, а ревносно ги чисти само улиците на своите гласачи во Бруклин. „Каде беа чистачите вчера? Снегот ни ги затвори продавниците“, изјави за „Њујорк пост“ Исак Мартинез, вработен во пицерија на авенијата Лексингтон, во Менхетен. Новиот њујоршки градоначалник и самиот живее во Бруклин, а таму се и неговите гласачи, меѓу малцинските и посиромашните населби, додека побогатите делови на Њујорк гласаа против него. Сепак тој ги демантира информациите дека сега го користи снегот да им се одмазди. „По испитувањето на теренот и примањето на поплаките на жителите, заклучив дека можеше да се реагира подобро на горниот источен дел на Менхетен. Но, никој не беше третиран различно“, изјави Де Бласио, откако медиумите почнаа да ги споредуваат снимките од затрупаните улици на Менхетен и беспрекорно чистите улици во Бруклин.  
Слично

Поврзани вести