Економија, финансии, бизнис

Контакт

Богатите веќе го избегнуваат купувањето на јахти

Богатите веќе го избегнуваат купувањето на јахти
Кога цените на акциите се зголемуваат, се зголемува и продажбата на јахти. Или барем така беше порано. Од Втората светска војна наваму постои релативно сигурна корелација помеѓу пазарот на акции и продажба на јахти. Кога цените на акциите се зголемува , богатите стануваат уште побогати и купуваат повеќе и поголеми јахти , пишува CNBC . Во времето по рецесијата сепак, ситуацијата е поинаква . Цените на акциите не само што се вратија , но и достигнаа нови врвови. Сепак продажбата и цените на јахтите се уште не можат да се обноват . " Акциите се зголемија во цена и богатството расте , но јахтите не го следат овој тренд , како што се случуваше обично , " вели Џон Дане Трети , извршен директор и претседател на Trinity Yachts . Продажбата на суперјахти ( со должина над 30 м ) паѓаат до 169 во САД во 2012 година. Бројката е помала во споредба со продадени 261 јахти за време на бумот во 2008 година , според  индексот на Superyacht Times и Camper & Nicholsons . Генерално, цените на јахтите се околу 20 % помали во споредба со 2008 година , а бројот на суперјахтите кои се градат , исто така е намален . Според Дане, тоа кршење на корелацијата може да се должи на недостатокот на доверба во економското закрепнување и додека цените на акциите скокаат , економските фундаменти не инспирираат толку голема долгорочна доверба меѓу богатите за да потрошат помеѓу 30 и 40 милиони долари за јахта . Тој исто така забележува дека политичката и медиумската средина стана повеќе непријателска кон богатите. Многу купувачи , вели Дане , се плашат да не излезат во медиумите со тоа што ја купиле новата и скапа јахта . Некои руски и блискоисточни купувачи на многу големи јахти ( со должина над 75 м ) продолжуваат да прават нарачки . Просечната големина на нарачување јахти исто така продолжува да расте . Повеќето почитувачи на јахтите во САД , кои купуваа 36 метри и 45 метри јахти во сообраќаен париод од 2007 и 2008 година се уште не се вратени на пазарот.  
Слично

Поврзани вести