Богатите пак плачат: Изгубија над 300 милијарди долари
Во првата недела од 2016 година најбогатите луѓе на планетата загубија 194 милијарди долари поради катастрофалната ситуација на берзите.
Во наредните седум дена нивните состојби продолжуваа да се топат и богаташите претрпеа нови тешки загуби во износ од 115 милијарди долари, објави „Bloomberg“.
Така на пример најмоќниот човек во светот основачот на „Microsoft“, Бил Гејтс, чие богатство изнесува 79 милијарди долари се намали за 6,8 милијарди од 1 јануари 2016 година.
Аналитичарите повторно посочуваат дека положбата на главните берзи во светот продолжува да биде крајно лоша.
Слично
